(ФОТО) Васил Зафирчев се присети на детството: Ништо не останува исто

Васил Зафирчев кој активен актер во Велешкиот театар, а актуелен со улогата на Марио во ТВ серијата „Преспав“, вчера славеше роденден. Зафирчев наполни 39 години, па се присети на минатото со фотографија од детството.


- Сé тече. Ништо не останува исто, освен некои мигови, кои понекогаш ни изгледаат како да траат вечно. Животот е промена, трансформација, континуирано постоење, развој.
Драги пријатели, ви благодарам од срце на убавите мисли, желби и честитки по повод мојот 39-ти роденден. На сите ви возвраќам само со една желба, да го сакате животот повеќе од неговата смисла! На здравје, на живот! - напиша Зафирчев.