(ФОТО) Тренд кој ќе ја покори модната сцена: Оваа година ќе го носиме овој дезен

Ретко која сезона поминува без враќање на барем еден тренд од 70тите години. Минатата година бевме сведоци на враќањето на обувките со платформа. Фармерките карактеристични за тоа време истотака беа во тренд. Оваа година модните дизајнерки го најавуваат доаѓањето на цветниот „винтиџ“ дезен.

Императивот оваа година се елегантни комбинации во минималистички стил, па затоа се радуваме што овојпат на модниот врв се најде и овој разигран дезен. Во морето едноставни парчиеа, овие со цветен принт успеваат да внесат свежина во секој аутфит.

Во тренд ќе бидат парчиња со цвеќиња во сите бои и димензии. Дозволено е комбинирање на потполно спротивни бои, оние кои на прв поглед не одат заедно.

Ни кралицата Летиција не му одолеа на овој дезен.