(ФОТО) Тајванка има 63 години, изгледа двојно помладо: Ја препорачува оваа намирница

Тајванската актерка, пејачка и ТВ-личност Чен Мејфен (63) привлече големо внимание од меѓународните медиуми со својот младешки изглед.

Таа неодамна водеше емисија на националната телевизија и го освои сето внимание со својот изглед.


Моделот на фустан, кој чини 15.000 фунти, го покажа нејзиниот рамен стомак, а сите се прашуваат како е можно жена да изгледа вака во седмата деценија.

Тајната на младоста

Националната телевизиска sвезда вели дека го негува својот изглед со помош на ѓумбир, што се наоѓа на нејзиното мени секој ден.

- Додавам парчиња ѓумбир во супата. Мислам дека затоа имам светкава кожа- открива Чен која има 52 килограми.

И покрај тоа што се храни здраво, Чен признава дека не може да се снајде на тренинг во салата и ангажирала приватен тренер да вежба со неа двапати неделно.


- Знам дека треба да вежбам. Љубоморна сум на луѓето кои одат во теретана од навика затоа што јас секогаш морам да се присилувам- додава.

Како што вели високи потпетици носи секој ден, и се чувствува најсреќна кога е во опуштено издание - во фармерки и маица.

Таа е сама пет години

Згодната директорка поминала низ тежок развод со сопругот, со кој беше во брак 10 години. Иако веќе пет години е сама, таа не ја губи вербата во љубовта.

- Мажите сакаат помлади жени, па тешко ми е да го најдам идеалниот партнер- заклучи таа.