(ФОТО) ТАА БЕШЕ НАЈГОЛЕМА ЉУБОВ НА ТОШЕ: Која е дамата која Проески ја носеше во срце?

Пред 12 години Македонија ја слушна трагичната вест која одекна далеку низ регионот но и светот. Трагично настрада Тосе Проески кој да беше жив денес ќе полнеше 39 години. 

Детали за животот на човекот кој имаше ангелски глас и насмевка не престануваат да ја иритираат јавноста, а ова е жената за која се смета дека била единствената вистинска љубов.

Манекенката Благица Бети Мицова и Тоше Просеки се запознале во 1998 година. Нивната врска траела до почетокот на 2002, а под притисок на јавноста е прекината. По неговиот евровизиски настап се смириле повторно во 2004 година, па пак раскинаа...Врската ја завршија во 2006 година.

Сепак, пријателите на Тоше Проески велат дека тие двајца биле во контакт секогаш, дека Тоше и праќал карти за сите концерти ... Нивните пораки и денес се во неговиот телефон.

А кога телохранителот на Тоше Ицо Панајотовиќ рекол дека постои една девојка која најмногу ја сакал и која и ден денес оди на неговиот гроб, на која и посветил најмногу песни, со која секаде одел и за која знаеја сите, сите во неа ја препознале Благица, девојка од местото Неготино во Македонија.

Иако Адријана Будимир беше последната девојка на Тоше за која знаеше јавноста, негови блиски тврдат дека неговата вистинска љубов била Благица.

Таа , пак никогаш не сакала да зборува за Тоше, а најтешките денови ги поминувала со неговата мајка.

-Знам дека јавноста сака да знае детали од мојата љубов со Тоше, но ниеднаш досега не дадов интервју и не ја открив нашата интимност. Тоа така ќе остане засекогаш-рекла Благица во интервју за македонските медиуми во 2014-та.

Тогаш откри дека го напуштила манекенството и дека се занимава со студиите.

Факултет завршила, а денес е мајка и има свое семејство.