(ФОТО) Страв од коронавирус: Армани го изведе своето шоу во Милано без публика

Познатиот италијански моден дизајнер Џорџо Армани го изведе своето шоу во Милано без публика - одлучувајќи се моделите од пистата да ги прикаже на Интернет, поради стравување од коронавирусот кој беснее во земјата

Фирмата на легендарниот дизајнер соопшти дека го откажа своето закажано шоу, а наместо тоа одлучи ревијата да ја прикаже преку Интернет со цел да ги задржи гостите безбедни, откако повеќе од 130 случаи на коронавирус беа пријавени во северна Италија.

- Ревијата ќе биде прикажана зад затворени врати, како резултат на неодамнешните случувања со коронавирусот во Италија, ќе ја пренесуваме во живо пред празен театар, на веб-страницата „Армани “, затоа ве молиме, не присуствувајте на ревијата ова попладне- изјави модната куќа во неделата.


Одлуката е донесена откако десетици луѓе беа заразени од коронавирус во текот на викендот. Повеќе од 54 случаи се во близина на Милано.

Ова е првпат познатата 45 години стара модна куќа „Армани“ да откаже шоу заради загриженост по здравјето на јавноста.