(ФОТО) Сопругата на Дино Мерлин која никогаш не се појавува во јавност

Дино Мерлин и неговата сопруга Амела се заедно од негови 17 години, а на вечна љубов се заколнаа кога балкасната музичка ѕвезда имаше само 21 година. Заедно одбегнувааат да се појавуваат во јавност, па малку од фановите на босанскиот кантавтор знаат како изгледа неговата понежна половина.

Музичарот во повеќе наврати истакна дека токму на Амела ѝ посветил многу песни од неговата плодна кариера.

- Ако некој имал среќа во љубовта, тоа сум јас - изјави Мерлин во едно интервју.

Своето семејство, Дино љубоморно го чува само за себе, но во неколку наврати зборувал и за ќерката Наида и за синот Хамза.