(ФОТО) Слаткар е уморен, а Сања Николиќ среќна

Веќе четири години, Марко Маринковиќ познат како Слаткар е среќно женет човек, со неговата менаџерка и соработничка, поранешна Мис на Македонија Сања Николиќ. На неговата Сања, тој и ја посвети песната „Кажи да“. Со неа ја побара за жена, а го изиграа и првиот танц на свадбата. 

Во интервју за Женски Магазин тој изјави дека со Сања се како ден и ноќ сме, но нели, -мора да се стемни за да се раздени, дека се различни и се надополнуваат. Двајцата се лав во хороскоп, а од скоро дознале дека и двајцата се бик во подзнак. 

Дека одлично функционираат докажуваат и фотките кои Сања ги постираше на својот Инстаграм профил. Таа е среќна сопруга позади сцена, додека Слаткар е на сцена.

Подоцна Слаткар е уморен, додека Сања секогаш е тука среќно да го поддржи.

Како подарок за неговата сопруга, Сања Николиќ, но и за сите дами и за Осми март, хип-хоп музичарот ја има и песната „Луда романтика“. Слаткар вели дека песната ја напишал за Сања, а спотот е снимен во најромантичниот град на светот, Венеција заедно со неговата најмила.