(ФОТО) Скромна и згодна: Сопругата на Драган Бјелогрлиќ е вистинска убавица

Драган Бјелогрлиќ повеќе од две децении е во хармоничен брак со сопругата Маја, која ретко се појавува во јавноста.

Многумина му завидуваат на славниот актер поради сопругата, која се' уште изгледа многу атрактивно, а тоа и не е така чудно, со оглед на фактот дека некогаш била и успешен модел.

Фото: РАС- Србија

Интересно е тоа што благодарејќи на својата професија го запознала Драган. Тие двајца се сретнаа на почетокот на деведесеттите на снимање на една реклама за мебел.

Маја студираше англиски јазик и книжевност, набрзо по бракот стави точка на манекенската кариера, па некое време работеше како преведувач. Славната двојка има две деца, ќерката Миа и синот Алексеј.