(ФОТО) СЕ РАЗВЕДЕ, СТАНА АЛКОХОЛИЧАР И ГО ИЗГУБИ ДЕТЕТО: Сними дует со Дино Мерлин, па се повлече

Во 90-те беше една од најпопуларните женски изведувачи во регионов. Сними дует со Дино Мерлин, хитот „Годинама“, кој и денеска може да се слушне на радиостаниците. Хрватската пејачка Ивана Банфиќ низ годините толку многу се промени што никогаш не би ја препознале. Развод, спонтан абортус, навлекување на алкохол и долг период на рехабилитација. Сето ова ѝ се случуваше откако стави крај на врската со нејзиниот поранешен менаџер Роберт Магиќ во 2005 година. Како што тогаш пишуваа медиумите, двојката се разведе без скандали, но очигледно Банфиќ лошо го прифати разидувањето, па се оддаде на алкохол и неколкупати заврши на клиниката за лекување од зависности.

Откако се избори со пороците, во животот ѝ се појави нова љубов. Пејачката по вторпат се заколна на вечна љубов со Круне Ладисиќ, телевизиски продуцент. Доби желба да се реализира како мајка. По еден спонтан абортус, конечно ѝ се оствари сонот. Синот Јан беше причината да се повлече од јавноста. Денес изгледа сосема поинаку, комплетно му се посвети на семејството и ретко се појавува на јавни настани.