(ФОТО) Речиси идентични: Оваа актерка ќе ја глуми принцезата Дајана

По многу шпекулации, во април годинава беше потврдено дека 23-годишната актерка Ема Корин ќе ја игра улогата на принцезата Дајана во познатата серија The Crown“ .

Станува збор за млада актерка, која го имаше своето филмско деби во 2017-та година.

Дајана првпат го сретна принцот Чарлс во 1977-ма година, така да очекувано е Кори да се појави многу рано на почетокот од четвртата сезона на серијата.

Првите фотографии од Корин во улогата на Дајана, оставаат без здив, девојката е копија на покојната принцеза.

- На мајка ми често ѝ кажуваа дека личи на Дајана. Често ја мешаа со принцезата, што од денешен аспект е многу чудна врска- раскажува младата Корин, која е пресреќна што ја има честа да ја игра оваа голема улога.