(ФОТО) По два абортуси, водителката Тамара Грујиќ има причина за среќа

Водителката на популарната емисија „Работна акција“, Тамара Грујиќ е бремена. Белградската водителка која ги освои срцата на регионот додека во емисијата со нејзината екипа реновираа многу куќи на луѓе со тешки судбини, се појави на коктел на Радио Телевизија Србија. 

Тамара цело време била насмеана, а фотограф на порталот „Пулс онлајн“ ја сликал како разговара со колешката Кристина Раденковиќ, која исто така очекува дете. 

Пред да се израдува на убавите вести, Тамара помина низ неколку тешки животни фази. Пред неколлу години, таа имаше спонтан абортус. Втората бременост, морала да ја прекине поради тогашниот работен ангажман.

„ Имав еден спонтан абортус, несреќен случај, кога имав 33 години, кога сопругот и јас само што ја започнавме врската. Еднаш морав да ја прекинам бременоста поради друга продукција во која тогаш почнував со работа. Денес тоа ѝ се случува на секоја втора жена и тоа остави длабок траг на мене. Во периодот на мојата прва бременост дури и помислив дека прерано се случи затоа што само што почнавме да се забавуваме“, изјавила Тамара во една прилика. 

Фото: Пулс Онлајн