(ФОТО) Перо Камиказа го ожени синот: Цела естрада на свадба

Петар Георгиевски – Камиказа, од групата Меморија го ожени синот. Скоро цела естрада присуствуваше на церемонијата.

Драган Б. Костиќ сподели фотографии од прославата.

„И така.....Перо го ожени синот.
На достоинствен, традиционален но модерен начин.
Во Александар палас...Со многу гости.
Луѓе од културата, политиката, уметноста, медицината, спортот, но најмногу од естрадата.
Со одличен музички избор, со неколку формации со пригодна музика...Со настапот на Меморија со две песни, како свадбен подарок на синот Кристијан од таткото Перо и неговата музичка банда.
А и најава за можен скорешен концерт.
Дај Боже.

П.С. Да нема забуни.Покрај Перо на сликата не е неговиот син. А мојата маленкост си ја искористи можноста да го овековечи мигот, сликајки се со драги личности.Кои ги имаше насекаде низ големата хотелска сала.Да го фати мигот кога за своја душа си пеат Бени и Виолета Томовска, само маааал дел од урнебесната верзија на Дирлада, со Бени и Гранит, со Ристо, со Виолета...

Ова беше повеќе од вообичаеното на Балашевиќ: "Свадба ко свадба...". Беше....концертна свадба или...свадбен концерт...како сакате.
На кои немаше поделба на гости и домаќини.
Сите беа...и едното..и другото.“ - напиша Драган Б. Костиќ.