(ФОТО) Отмена и сензуална: Моника Белучи во вино боја

Италијанската филмска дива Моника Белучи (55) синоќа присуствуваше на затворањето и доделувањето на наградите на филмскиот фестивал Lumiere во францускиот град Лион.

На црвениот тепих дојде многу елегантна, со фустан до подот во бојата на виното со потпис на модната куќа Диор, кој го красеше суптилен исечок на градите и лелеави ракави кои лежерно паѓаат.

Драстично скратената коса, ја подмлади барем 10 години, а Моника не изгледа вулгарно ни кога ќе облече црно боди.