(ФОТО) Оскаровски роденден на Олга Костовска

Два елитини настани во исто време, едниот на А1 мобилниот оператор, а другиот роденденот на Олга Костовска, Претседател на надзорниот одбор на „Еуролинк“. За оние кои не ја знаат многу, таа е една од најдобро облечените дами кај нас. Единствена со стилот. И не, не се парите во прашање! Има неверојатно чувство за уметност. Да не зборуваме и на хуманата страна и на колку многу луѓе им има помогнато. Браво Олга, таквите како тебе ја заслужуваат целата почит.

На нејзиниот роденден, организиран во винаријата „Камник“, Костовска се појави во розова тоалета надополнета со рачно везени златни мотиви со цветови. „Оскаровскиот“ фустан имаше длабоко, но суптилно деколте, а таа го надопони со впечатливи обетки и собрана коса. Не погрешила и овој пат модно. Знае како да остави трага, како парфем...

Го собра целиот македонски џет- сет, а луксузната прослава беше „зачинета“ со бенд во живо. Најблиските ѝ подготвија специјално изненадување – нивна верзија на безвременскиот хит Simply The Best на Тина Тарнер.

Олга е една од ретките која не се срами да покаже дека живее отмено, а зошто да се срами кога тоа може да си го дозволи!

Н.Т.