(ФОТО) Омилениот фустан на Шекеринска

Министерката Радмила Шекеринска по втор пат во ист фустан

Министерката за одбрана Радмила Шекеринска го избра својот омилен розов фустан за состанокот на министри за одбрана на НАТО, во Брисел.

Имено ова издание на министерката за одбрана Радмила Шекеринска веќе во видовме уште минатата година во октомври.

Овој изглед во впечатлива розова боја која неколку сезони е во тренд и е прилично тешка за комбинирање, ситни копчиња обложени со материјал, стиснати едни до други и уникатен брош со прозирни и розови кристали е веќе нешто сосема врвно. 

Розовата боја симболизира романтика, љубов, пријателство, женски квалитети и пасивност и одлично ја истакнува витката линија на министерката.