(ФОТО) Оливија Вајлд во ретро костим за капење кој мора да го имаме!

Дека едноделните костими за капење се хит ова лето веќе утврдивме, но оној на Оливија Вајлд со каро-принт едноставно мора да го имаме!

Познатата актерка, режисерка и мајка на две деца, ужива на Хаваите со семејството, привлекувајќи го вниманието на плажа со нејзиниот стил.

Ретро костимот за капење кој го одбра Вајлд дава дополнителна нота на сексапил, а овој летен тренд го доведе до совршенство надополнувајќи го со широк сламен шешир и Реј Бан наочари за сонце.