(ФОТО) Одличен совет за оваа сезона: Не изгледајте евтино и вулгарно во хеланки

Хеланките се исклучително практични и лесно се вклопуваат во модните комбинации, но може да бидат и многу ризично модно парче

Тесни се, а со тоа убаво ги истакнуваат нозете, притоа не стегаат, многу се удобни и може да се комбинираат со секое парче. Затоа толку многu ги сакаме хеланките. Нема жена која нема барем еден пар хеланки во својот гардеробер. Сепак треба многу да внимавате за да не прекршите едно правило, со кое ќе го уништите цел аутфит.

Манго, 1490 денари

Имено, хеланките мора да се носат само со подолги блузи, туники или фустани, а никако да заменуваат панталони.

Значи со хеланките треба да заборавите на истакнувањето на половината со воволекување на кошула во нив, или слични „модни трикови“, освен ако не станува збор за хеланки во модел на панталони како овие кожени подолу.

Манго, 1490 денари

Носете ги хеланките во спортско или опуштено издание, или пак во елегантна варијанта, како Викторија Бекам.

Не заборавајте, оваа сезона најмногу се носат црни, карирани, кожени и хеланки со животински принт.

Манго, 1490 денари