(ФОТО) Новогодишна идила во домот на Живкица

Водителката Живкица Каленикова објави весела фотографија од новогодишната семејна атмосфера со децата. 

Водителката на емисијата „Тунел“, и нејзиниот сопруг Зоран се горди родители на Даријан, Марко и на Ана. 

„Да, навистина имаме убава бројка од деца дома. Во улогата на мајка, верувам се снаоѓам, како и секоја друга, станувате лавица, правите се што сте мислеле дека нема да можете, наоѓате сила да бидете и лекарка и учителка и тешителка и другарка“, изјави Жиле во интервју за Женски магазин претходно.