(ФОТО) Нивното враќање никој не го очекуваше: Овие чизми се апсолутен хит!

Многу трендови оваа сезона се вратија на голема врата, па така на ред дојдоа и платформите. Еден модел на чизми ќе доминира во текот на 2020 година, а многу дами ќе се израдуваат бидејќи ваков чифт обувки многу е веројатно веќе да имате во вашиот плакар.

Станува збор за чизмите со полна пета, оние во кои нозете ни изгледаат послаби и подолги, многу се удобни и се совршени како надополнување на еден урбан изглед.

Може да ги носите буквално со се’, а најмногу ги сакаме искомбинирани со фармерки. Многу звучни дизајнери токму овој модел го вметнаа и во своите нови колекции.