(ФОТО) Не сака да ги експонира: Драгана Мирковиќ проговори за децата

Драгана Мирковиќ е една од ретките српски пејачки која успеа својот приватен живот да го сочува далеку од очите на јавноста, особено кога станува збор за децата. Со сопругот Тони ги имаат ќерката Мануела (16) и синот Марко (18) кои воопшто ги нема во медиумите.

- Ќерка ми е спортски тип и е во сосема друг фазон. Не му се мешам во изборот на син ми кога се девојките во прашање. Единствено ми е важно да ги почитува и кога е со една да остане само со една - изјави Мирковиќ во едно популарно ТВ-шоу.

Драгана со сопругот Тони

Таа нагласува дека сѐ е личен избор и дека има и други познати личности што имаат прекрасни деца кои исто така не ги експонираат во медиумите.

Сепак, пред многу години Мануела и Марко се појавија во еден нејзин спот, а таа имаше оправдување зошто тоа го направила.

- Тоа беше видеото за песната „Једини“ која му ја посветив на сопругот, па и децата беа во него за и тие да му покажат колку го сакаат - појасни Драгана.