(ФОТО) На кого личи Илина: Сара Мејс конечно ја покажа ќерка си

Поп-пејачката и харфистка Сара Мејс ужива во мајчинството со ќерката Илина која се роди на 10-ти септември.

Пејачката само три месеци по раѓањето е во одлична форма, а конечно го покажа ликот на Илина. Иако досега, со сопругот Димитар Атанасовски објавуваа фотографии со ќерката, вешто го криеа нејзиното лице.

Овојпат Илина е дел од професионалната фотосесија на фотографот Стефан Соколовски, а со мама Сара изгледаат преслатко.