(ФОТО) Модниот додаток на Анастасија мора да го имате оваа сезона

Младата пејачка Анастасија Ражнатовиќ (20) се' повеќе внимание посветува на својот секогаш стилски изглед, но и не заборава да ја следи последната мода и деталите да ги преслика кај себе на уникатен начин.

Анастасија е вистинска нежна убавица, толку едноставна, а специјална, благодарение на модниот аксесоар којшто моментално е вистинска сензација.

Денес модните додатоци за коса имаат огромен камбек кај сите дизајнери, познати личности и инфлуенсери. Најдобрата работа во врска со тоа кога нешто се враќа во тренд е тоа што се враќа уште посилно и подобро, отколку што било порано.

Шнолите со светкави камчиња се најголемиот украс за ваквата добитна комбинација. Тие прекрасно одговараат со нејзината шминка, но дефинитивно најмногу и одговараат на нејзиниот стилски вкус, кој знае како да го задоволи.