(ФОТО) Моден гаф на Иванка Трамп за кој сите зборуваат

Секогаш беспрекорно негуваната Иванка Трамп, советничка на нејзиниот татко, американскиот претседател Доналд Трамп, направи моден гаф што ги разпали социјалните мрежи.

Прекрасната русокоса, сопруга на Џаред Кушнер со кој има три деца, за својот стилски стајлинг за самитот на ООН во Њујорк облече тесна сина кошула, бело здолниште Прада со цветни детали кои чинат неверојатни 14.350 долари и лаковани салонки, и изгледаше беспрекорно.

Новата боб фризура која и одговара добро и пристојно го заокружи убавиот деловен изглед на „првата ќерка“, како што честопати ја нарекуваат американските медиуми.

Сепак, убавата Иванка, чиј стил на облекување го обожаваат многу љубители на модата, па дури и имаше свој моден бренд некое време, направи моден гаф, за кој ќе се зборува долго време.