(ФОТО) Мене дома не ми е само местото од лична карта: Тијана Дапчевиќ блесна во Сараево

Тијана Дапчевиќ се појави на Филмскиот фестивал во Сараево, на премиерата на филмот „And Then We Danced“. Таа изгледаше неверојатно убаво во модерна розово-виолетова тоалета од босанскиот бренд „Kaftan Studio“.

- Знам дека често кога ќе отидам некаде, велам дека сум „како дома“, но тоа е навистина така. Затоа што мене „како дома“ не ми е само местото од лична карта или од пасош, никогаш не ме интересираа граници.. На музиката не ѝ треба пасош. „Како дома“ сум секаде каде имам луѓе кои ги сакам, кои знаат како дишам, кои одамна веќе ми се фамилија, а не само пријатели. „Како дома“, меѓу другото е кога гледаме многу филмови ( а сите знаеме колкав филмољубец сум) и уживаме баш во секој момент. Сараево е „како дома“. А Јан Амир секогаш ќе биде мојот брат, другар, кика и цела куќа- напиша Дапчевиќ под фотографиите на нејзиниот профил на Инстаграм.

Фото: Instagram