(Фото) Меган Маркл во беспрекорен фустан идеален за летна свадба

Неколку недели по нивната сопствена свадба, Меган Маркл и принцот Хари присуствуваа на уште една специјална свадба овој викенд.

Војводата и војвотката од Сасекс присуствуваа на венчавката на братучедката на принцот Хари, Селија МекКоркодеј, која се омажи за Џорџ Вудхаус во една мала црква во Линколншир, Англија. Внуката на принцезата Дијана, невестата, ја носеше истата тиара што нејзината тетка ја носеше на сопствената кралска свадба во 1981-ва година, што изгледаше апсолутно неверојатно.

И секогаш подготвена да не изненади со нејзиниот беспрекорен избор и стил, Меган на свадбата носеше „Оскар де ла Рента“ фустан, кој во моментов е на продажба за $ 5,490. 

Овој беспрекорен, цветен, долг фустан со должина до подот, дефинитивно е совршен за летна свадба.