(ФОТО) Љупка Гугучевска за ќерка си: Мислев дека е невозможно некого да сакаш толку многу

На Бадник годинава, портпаролката на Државната изборна комисија, Љупка Гугучевска стана мајка на ќерката Ана Марија, а информацијата ја сподели со своите пријатели на социјалните мрежи.

Таа во изминатиов период често споделува фотографии од дружбата со својата најмила.

- Мислев дека е невозможно да сакаш некого повеќе и повеќе со секој нов ден. Ти ми го докажа спротивното- напиша таа под фотографијата од преслатката ќерка Ана Марија.