(ФОТО) Ќерката на Индира Кастратовиќ е нејзина копија

Сара, ќерката на Индира и на Зоран Кастратовиќ не отиде по стапките на своите родители кои се поранешни ракометари.

Сара реши средното училиште да го заврши во САД , живее со сестрата на Индира, и наскоро треба да дојде во Скопје. 

„ Тоа беше нејзина желба, трета и четврта година да ги заврши во Америка, а јас и Зоран сме тие кои можеме само да ја поддржиме. Не ја буцкавме, туку самата изрази желба да се обиде таму. Сега за сега одлично ѝ оди, сѐ е како што треба, таа е задоволна, па ќе видиме за понатаму. Мило ми е што живее со  тетка ѝ, со мојата сестра која ѝ е исто така голема поддршка“, изјави Индира во интервју за „Женски магазин“.

Кастратовиќ ни раскажа дека нивната ќерка никогаш не ја влечел спортот, туку танцот. 

 „ Сара од мала ја влечеше хип-хоп танцот. За ракомет никогаш не пројавила желба и ние не ја форсираме“, изјави Индира. Според фотографиите на социјалните мрежи, Сара многу наликува на својата мајка. (М.Џ.)