(ФОТО) Ќерката на Биба Додева е нејзина копија

Емануела, ќерката на Биба Додева, е огромна поддршка на мајка си во она што таа го работи, и секогаш е дел и од нејзините хуманитарни проекти, како и во здружението за борба против рак на дојката „Борка".

Биба и Емануела се две неразделни другарки кои постојано се поддржуваат во сѐ, а викендов пејачката објави и фотографии со својата ќерка на свадбена веселба. Судејќи по нив Емануела навистина многу наликува на мајка си.

Инаку Емануела е мајка на Хумберто Александар кој е роден во Португалија.

- Прекрасно е да се биде баба. Внук ми има 1 година и 3 месеци и ист е како мене, носето, образите, очите, сѐ. Се разбира, јас сум многу горда и среќна. Ќерка ми понекогаш знае да ми каже: „Мамо, ти баш како баба се однесуваш!„ - изјави Биба за порталот Мајка и дете.

Таа раскажа дека истата љубов која ја чувствува за ќерка си, сега ја има и кон малиот Александар, и како баба гледа да е пример за сѐ. Првиот збор на внукот бил баба, а Биба е воодушевена и изненадена од посветеноста на Емануела, па ја смета за подобра мајка од себе, бидејќи стига и да студира и да работи и да го чува синот.


Фото: Фејсбук-профил на Биба Додева