(ФОТО) Како во бајките: На ова место Меган и Хари ги поминуваат празниците

Војводата од Сасекс, принцот Хари, и неговата сопруга Меган Маркл прекршија долгогодишна традиција кога одлучија Божик да не го поминат со кралското семејство, туку далеку од очите на јавноста, сами со синот Арчи.

Најозборуваната двојка се одлучи за апсолутна приватност, па никому не открија каде точно ќе бидат лоцирани. Сепак, папараците им влегоа во траг, а ги издаде нивното обезбедување, пренесуваат британските таблоиди.

Меган и Хари го одбраа Ванкувер, а фотографирано е и местото каде тие двајца одлучија да ги поминуваат вечерите.

Ресторан како од бајките, со многу светилки кои одлично се вклопуваат во празничната атмосфера која моментално владее во светот.