(ФОТО) Јовановски и Варошлија заедно на летување

Сопственикот на 1ТВ, Бојан Јовановски, и стилистот Сергеј Варошлија, инаку вработен во телевизијата, заедно заминаа на летување. Долгогодишните пријатели и соработници го одбраа Миконос, еден од најатрактивните грчки острови познат по спектакуларните забави.

Јовановски и Варошлија ги споделија и првите фотографии од одморот на нивните профили на инстаграм. „Совршен пар“, „Најубави сте“, „Во врска сте?“, „Омилените“ се дел од коментарите на фановите.