(ФОТО) Јелена Розга во заводлив фустан кој го одзема здивот

Јелена Розга во последно време зрачи со посебна убавина. Хрватската ѕвезда објави фотографија на која се наоѓа во фустан од кој, како што велат модните критичари, се одзема здивот.

Таа редовно соработува со хрватските модни дизајнери, и така покажува колку го цени нивниот труд. Розга која е секогаш провокативна, во последно време развива чувство за женственост и снаодливост.

Овој пат, таа избра фустан од дизајнерката Диана Виљевац, која е позната по своите женствени креации, а со овој фустан на вистински начин ја истакна убавината на Розга. Фустанот е со романтичен крој, со боја на теракота, отворен грб и голи рамења кои се најголемиот женски адут на заведување. Изгледот, Јелена го заокружи со елегантни и едноставни црни сандали и ефектни обетки. Едноставна, а заводлива комбинација.