(ФОТО) Го сокрива вишокот килограми: Кралицата Летиција во фустан што одговара на секоја фигура

Дали имате важен настан на кој сакате да заблескате и да сокриете неколку килограми од вашата телесна тежина? Нема проблем, знаеме стилски трик што ќе ја направи вашата фигура потенка во само еден момент.

Со паметно бирање на гардеробата, можеме да ја направиме фигурата да изгледа визуелно повитко и подолго, а знаеме дека кралицата Летиција секогаш е стилизирана по последните трендови.

Со своето последно појавување, таа го привлече вниманието на сите присутни и демонстрираше како треба да изгледа идеален избор на фустан за оние жени кои имаат вишок килограми.

Лелеав модел, сечен под градите е најдобар избор за секоја градба на тело. Во овој модел секоја дама изгледа женствено. Овој фустан најдобро се комбинира со високи потпетици.