(ФОТО) Фустан и обувки кои ги носи четврто лето по ред: Стилот на штедливата Кејт Мидлтон

Војвотката од Кембриџ, Кејт Мидлтон вчера ја посети преубавата бавча на Кралското друштво за хортикултура во англиското село Висли, за да го отвори фестивалот со име „Враќање во природата“. 

Дел од бавчата уреди и самата војвотка, а на отворањето одржа и инспиративен говор.

Кејт за оваа пригода се облече прикладно со локацијата- едноставен памучен фустан со „А“ крој и цветен дезен, кој на средина имаше ремен што го истакна виткиот струк на згодната војвотка.

Кога е во прашање облеката, Кејт повторно се одлучи за непишаното правило- салонките ги остави во кондуралник, а наместо нив го облече својот омилен модел- на платформа во крем боја, што го носи веќе четврто лето по ред.

Прв пат ги носеше на кралската турнеја во Индија во април во 2016-тата година.