(ФОТО) Елегантен, а современ: Тамара го одбра својот фаворит

Нашата поп-ѕвезда Тамара Тодевска важи за уникатна, препознатлива, силна и шармантна дама. Пејачка која секогаш внимава на деталите, особено на накитот преку кој совршено умее да пренесе одреден став или емоција.

Накитот дефинитивно е одраз на нејзиниот карактер, а токму познатиот италијански бренд Rebecca има парчиња за дами како нејзе. Тамара го одбра својот фаворит - Lion Queen колекцијата совршена токму за девојки и жени кои на својот секојдневен или гламурозен изглед сакаат да додадат бохо-шик нота. Колекцијата од чисто сребро асоцира на сјајот на средновековниот накит на елегантен, а сепак современ начин.

Доколку сакате специфичен накит, без разлика дали преферирате авангарден, романтичен, минималистички или сензуален изглед, од денеска до 20 август во рамките на Garage Sale во „Рамстор“ задолжително посетете ја продавницата на Rebecca Macedonia. Има промоција и попуст на селектирани производи.