(ФОТО) Екстравагантна и уникатна: Рошин Марфи во Скопје

Со својата енергија, Рошин Марфи, поранешната членка на електро составот „Молоко“, ја зарази публиката во Скопје, на настапот пред платото на А1 Арената. Рошин е трет пат кај нас, овој пат како гостинка на настанот А1 World of Music. И во Скопје, таа ја задржа екстравагантноста, уникатноста и необичноста во изборот на облека, по која е позната во целиот свет. За неа и модните креатори велат дека диктира трендови. Пеејќи ги хитовите од времето на "Молоко" и своите соло хитови, таа и бендот звучеа одлично во друштво на публиката која цело време им возвраќаше со аплаузи и овации.

 М.Џ 

Фото: В.Тануровски