(ФОТО) Едина Муса и момчето се неразделни: Ти си пиле мое

Познатата кошаркарка и шампион на Македонија во фитнес Едина Муса веќе неколку месеци е во среќна врска со фитнес инструкторот Серџо Спасов.

Тие постојано објавуваат заеднички фотографии на социјалните мрежи, а често и си посветуваат љубовни пораки.

Овојпат саканиот е во прегратка кај Едина Муса, а таа го нарекува „пиле мое“.


Пред неколку денови, Едина објави провокативна фотографија од нив двајца, под која повторно си размена нежни и романтични зборови со момчето Спасов.

- Денот обично ми завршува откако ќе завршам и со домашните обврски, по што следува добар филм или серија. Најчесто сум со своето момче или со некој член од фамилијата. Ако се излегува, избирам интимно место во друштво со блиски пријатели и пријатна атмосфера- изјави Муса претходно за Женски Магазин.