(ФОТО) Како се менуваше Дорис Драговиќ низ годините?

Дорис Драговиќ, една од најпопуларните и најуспешните хрватски пејачки, минатиот месец наполни 58 години. Незиното вистинско име е Доротеа, но од мала го добива прекарот Дорис кој подоцна одлучува да го користи како свое уметничко име. 

Како девојче сакала да биде учителка, а подоцна го засакала балетот, но и музиката.

- Како и секое дете кое порасна на улица, најмногу ме радуваше играњето кај баба и дедо во дворот на нивната семејна куќа со смокви. На таванот баба ми ги чуваше балетанките и театарските костими од нејзината сестра Ана Роје, една од најпознатите хрватски балерини. Можеби баш на тој таван ми се роди љубовта кон уметноста - раскажа Дорис во едно интервју.

Идоли во тоа време ѝ биле Тереза Кесовија, Габи Новак и Арсен Дедиќ. На десетгодишна возраст веќе имала импресивна колекција автограми од познати пејачи кои, како што призна во една прилика, ги чувала како најголемо богатство во една старинска кутија.

Фото: Дамјан Тадиќ / CROPIX

Музичките гени ги наследила од нејзиниот вујко, трубачот Еди Радосављевиќ, еден од основачите на Сплитскиот фестивал. Кариерата ја започнала на почетокот на 80-те во групата „Море“. Тогаш и го снимила првиот албум. Во 1986 година дебитира како соло-изведувач. Со песната „Жељо моја“ го освојува 11-то место на „Евросонг“, а на истиот натпревар настапува и во 1999 година со темата „Марија Магдалена“ нпишана од Тончи Хулиќ. Тоа е и најдобриот пласман на Хрватска на „Евровизија“ - четврто место.

Во 1990 година Дорис се мажи за ватерполистот Марио Будимир, истата година го раѓа синот Борна.

Фото: Cropix

Ако се изземе периодот во 2004 година кога имаше краток излет во рокерските води, Драговиќ од почетокот на кариерата остана препознатлива по елеганцијата и женственоста.

- Секогаш сум зборувала дека убавината е релативна работа. Настојував луѓето да ме слушаат, наместо да се опседнуваат каков визуелен впечаток оставам кај нив - изјави таа пред неколку години.

Фото: Паун Пауновиќ / CROPIX

Во меѓувреме се повлече од естрадата на подолго време. Во тој период како што самата призна, го пронашла сопствениот мир во бракот и во религијата. „Црквата ми значи сѐ. Оставив Бог да ми помага и да ме води“, изјави таа.

Фото: Анте Цизмиќ / CROPIX

Во 2012 година одржа повратнички концерт во салата „Ватрослав Лисински“ кога и прослави три децении кариера. Драговиќ денес ретко дава интервјуа, но и понатаму настапува и полни сали.

Фото: Јадран Бабиќ / CROPIX

- Не се чувствувам како дива. Морам да признаам дека себе си секогаш сум си иста. Она што го гледам секое утро во огледалото и не е некоја сцена - се пошегува таа во една прилика.

Насловна фотографија: Срѓан Вранциќ / CROPIX