Филипче за првиот случај на коронавирус кај нас: Пациентката е позитивна, се заразила во Италија

Министерот за здравство, Венко Филипче изјави дека пациентка има коронавирус. 

Таа е позитивна, се потврдило по тестирањето. 

Жената е сместена во оддел на изолација на Инфективната клиника. 

Филипче рече дека две недели е болна, а месец дена била во Италија. 

Министерот дека дека и луѓето кои патувале со неа ќе бидат тестирани и изолирани. 

„Сите кои доаѓаат од Италија да се придржуваат до мерките“, рече Филипче. 

Тој порача дека имаат комуникација со министрите во регионот, и тие преземаат мерки.