Фанови ја чекаат Тамара на аеродром, поставена и бина

За половина час, на скопскиот аеродром треба да пристигне Тамара Тодевска со нејзиниот евровизиски тим. Нејзините обожаватели се веќе таму, а на аеродромот е поставена и бина на која нашата пејачка ќе се обрати и ќе ја отпее песната со која на нашата земја ѝ донесе историски пласман на „Евросонг“.

Тамара денеска е топ-тема во медиумите ширум Европа. Пофални зборови доби од британскиот национален сервис, но и од грчките медиуми.

На „1ТВ“ во тек е отворена програма посветена на нашиот неочекуван евровизиски успех, кадешто најавија дека по слетувањето, Тамара  ќе биде гостинка и во нивното студио.