Елегантна замена за фармерки: Овие здолништа се апсолутен хит на сезоната и стојат одлично на секоја фигура

Добивај вести на Viber

Најстилските жени во Европа се повеќе ги ставаат фармерките на страна и се одлучуваат за ласкаво здолниште во А линија, што ги прави нивните комбинации многу поелегантни и покласични.

Со оглед на тоа дека европскиот стил е синоним за лежерна елеганција, потребно е многу за Европејките да се откажат од нешто безвременско како фармерките. Сепак, овие обемни миди здолништа дефинитивно ги исполнуваат сите модни барања.

Идејата за носење здолниште во А линија како замена за фармерки е исто така практична - бидејќи дава совршена основа за комбинирање на сите оние маици и јакни што вообичаено би ги носеле со фармерки, но резултира со пооблечен изглед дури и во најопуштените верзии.

Како да стилизирате здолниште во А линија

Краткото палто, еден од најголемите трендови на сезоната, изгледа совршено со здолниште во А-линија бидејќи завршува точно на струкот и ја истакнува фигурата.


Оверсајз кожна јакна му дава на здолништето шмек на релаксација и модерен „кул“ ефект.

Сако или кардиган што го истакнува струкот, во комбинација со здолниште кое се шири одоздола, ја создава прекрасната силуета што ја прослави легендарниот дизајнер Кристијан Диор.


Што се однесува до обувките, најдобриот избор се класичните модели како што се slingback чевлите. Не можете да погрешите со пар елегантни мокасини кои го подигнуваат целиот изглед на повисоко ниво.


Летна лежерна комбинација

Опуштен и шик изглед за лето по примерот на Французинките? Памучно здолниште со А-крој и овесајз маичка.

Комбинирајте бело здолниште со балетанки и едноставен џемпер со јака за свежи пролетни денови.


Елегантна деловна опција

Структуриран блејзер со здолниште во А линија создава ултра елегантна верзија на деловен костум.


Опуштена комбинација

Чипкана или хеклана блуза совршено оди со здолниште за сите сезонски прилики - без разлика дали сте на одмор или на вечера.


ФОТО: Инстаграм