Ефективни домашни средства за чистење на килими

Теписите се еден од најзгодните начини да го „облечете“ подот во вашиот дом и да го направите удобен. Сепак, тие многу се валкаат и бараат посебно одржување. Пред да брзате да повикувате фирма за чистење или перење килими, погледнете во вашата кујна или плакар. Може да имате некои многу ефикасни домашни средства за успешно чистење на килимот.


Пиво

Пивото е одлично за отстранување дамки од кафе и чај од тепихот. Бришете со натопена памучна крпа со пиво во валканата област. Целиот тепих можете да го освежите со пиво. Дамките ако ги третирате на овој начин ќе исчезнат.


Амонијак

Амонијак е многу добро средство за дезинфекција и чистење на извалканите теписи. Направете раствор од 1 чаша амонијак во 2 литри топла вода. Откако ќе го исчистите тепихот со овој раствор со четка, оставете го да се исуши целосно пред да го вратите на место.


Оцет

Оцетот е вистински суперхерој во чистење на домот, вклучувајќи ги и теписите. Растворете 2 лажици сол во ½ чаша јаболков оцет. Потопете ги дамките со смесата, оставете да се исушат. Соберете ја солта со правосмукалка и исплакнете со чиста вода, а потоа четкајте.


Пченкарен скроб и свежо млеко

Оваа мешавина е толку моќна што може успешно да ги отстрани дамките од мастило на тепихот. Направете густа паста од малку свежо млеко и скроб од пченка. Потријте добро во погодената област. Оставете неколку часа. Потоа измијте со топла вода и четка.