Една работа е доволна за да остарите заедно: Ова е клучно за среќен брак

Психологот Питер Пирсон кој во Калифорнија води Институт за двојки, а целата своја кариера ја посвети на решавањето на љубовните проблеми, тврди дека само една работа гарантира стабилна и успешна врска.

Тоа се - основните вредности. Поточно, важно е со партнерот да делите исти основни вредности.

Поважно е од возбудата која ја чувствувате кога ќе запознаете некој со кој делите чувства на привлечност бидејќи тие хормонални реакции, со време ќе избледат, а заедничките вредности ќе останат, вели докторот.

Тој вели дека интересите моќе да бидат предмет на компромис, но не и вредности.

Ако сакате за викенд да одите во природа, а вашиот партнер сака да остане дома и да подготвувате вечера за пријателите, компромисот може да биде да се договорите еден викенд да ја исполните неговата, а следниот твојата желба.

Поради тоа е важно во впуштањето во љубовна врска да водите сметка за своите вредности и вредностите на личноста за која сте заинтересирани, за во иднина да не дојде до судир на вашите светови.

Фото: Profimedia