Едит е Унгарка, мажена за Македонец: Еве како украсува велигденски јајца на унгарски начин (ВИДЕО)

Едит е Унгарка, мажена за Македонец. Таа е сопруга на фотографот и авантурист Драган Тапшанов, кој има свој инстаграм профил каде ги споделува сите авантуристички приказни.
Едит по повод големиот празник Велигден покажа како се украсуваат велигденски јајца на унгарски начин.
Преку видеоприказна Едит покажа како налага традицијата во Унгарија. За украсување на овој начин потребно ви е пердув и пчелин восок, или пак со алатка која има бакарна боцка.
Но за ваквиот начин на украсување јајца Едит вели дека е потребно јајцата да бидат празни.
Во видеото таа објаснува и како може да го направите тоа.
Драган и Едит направија интересно видео со споредба на традициите за Велигден во Унгарија и во Македонија. Во некои работи сме слични, но има обичаи кои се карактеристични само за Унгарија.
Погледнете го видеото:
РЖМ