Два мозочни удари за две години: Ѕвездата од „Игра на тронови“ си ја отвори душата

Актерката Емилија Кларк, една од ѕвездите во хит-серијата „Игра на тронови“ во есејот кој го напиша за The New Yorker конечно ја откри болната вистина за својата болест, конкретно за двата мозочни удари кои ги преживеала во период од само две години.

Првиот несреќен случај бил во 2011 година. По еден рутински тренинг во соблекувалната почуствувала силна главоболка. Истиот ден доживеала мозочен удар и завршила на операција. По неколку дена им се вратила на обрските со одобрение од лекарите, бидејќи станувало збор за поблаг удар.

Славната актерка две години подоцна доживеала уште еден значително посилен мозочен удар по кој морала да се согласи на две ризични операции.

- Помислив дека е готово. Дека тоа е тоа. Дека моето време истече - признава Кларк.

По сите животни премрежја, атрактивната Калиси од „Игра на тронови“ ја основа хуманитарната организација Same You.