Култура // Настани
Дуке Бојаџиев ги разгали срцата на скопската публика со филмска музика: Ова беше концерт кој сигурно мора да има реприза

Филмската музика како тема на концертот на музичарот Дуке Бојаџиев, кој вчеравечер одржа интимен концерт под наслов „Кинематика“ во Македонската филхармонија.
Филмската уметност умешно ја спои со музиката и успеа да ги разгали душите на присутните. Дуке свиреше музика од филмовите на кои работел, и секоја една напишана нота има своја приказна. Ред музика, ред приказна и секоја своја и уникатна.
Песните „Дом“, „Одење пеш“, „До балчак“ филмови на за кои Дуке пишуваше музика.
Посебна во неговото срце е песната „Дом“ која ја напишал за неговиот татко, познатиот композитор Тодор Бојаџиев.