Драстична промена: Данијела Мартиновиќ ги шокира фановите

Хрватската пејачка Данијела Мартиновиќ ја изненади јавноста со изјавата дека сака да оди во манастир.

„Желба ми е да отидам во манстир и таму да останам неколку дена и да учествувам во програмата на молчењето. Потоа би запишувала и би им ги пренела на луѓето сите бенефити на молчењето“, рекла пејачката.

Колешката на Данијела, пејачката Дорис Драговиќ која е исто така од Сплит, ја упатила кај професорот Балди на часови по пеење, но и на психолошки вежби.

„ Додека ги правам вежбите, јас се ослободувам од она што ме стега и доаѓам до некоја нова јас“, објаснила пејачката. Таа е во долга врска со колегата Петра Грашо. Во неколку наврати и двајцата изјавија дека се против бракот.