Домашен сируп од нане: Најдоброто освежување за топлите денови! (РЕЦЕПТ)

Во жешките летни денови нема ништо подобро од домашен сок од нанe кој ги подигнува и духот и телото. Освежувачкиот вкус ќе ви го зајакне телото, а исто така ќе добиете енергија. Во комбинација со парчиња лимон и мраз, тоа работи благотворно на сите наши сетила.

Потребни состојки:

300 гр свежo нaне

5-6 лажици шеќер

3 кеси лимунтус

3 литри вода

3 кг шеќер

Подготовка:

Свежото нане исплакнете го со ладна вода за да го отстраните правот од него. Потоа исечкајте го со ножици или со нож. Така исецкано измешајте го со 5,6 лажици шеќер и лимунтус. Прелијте го со 3 литри вода и оставеете да одстои 24 часа. После тоа исцедете го низ газа, и на добиената течност додадете 3кг шеќер. Оставете го да отстои уште 24 часа со повремено мешање.

Ако не ставите конзерванс, сокот во фрижидер може да остане околу 2 месеци. Или ако не се испие, замрзнете го. Меѓутоа, ако ставите конзерванс, тогаш сокот мора да биде најмалку две недели во фрижидер, пред да почнете да го пиете.

Уживајте во разладувањето!