Доделени Еуролинк стипендии за 30 студенти од Правен факултет „Јустинијан Први“, во вкупна вредност од 1.700.000,00 денари

Во насока на реализирање на годишните активности,на 4.12.2019 година, во просториите на Еуролинк Осигурување беа потпишани договорите за 30 стипендии на најдобрите студенти од Правниот факултет „Јустинијан Први“ –Скопје, за учебната 2019/2020 година, во вкупна вредност од 1.700.000,00 денари. Еуролинк стипендиите се доделуваат веќе шест години по ред, како дел од долгорочната платформа за корпоративна општествена одговорност „Еуролинк – Вашата врска со вистинските вредности“.

Претседателот на Надзорен одбор на Еуролинк Осигурување Олга Костовска им посакува на сите стипендисти да бидат упорни и доследни во реализирање на своите зададени животни цели, да бидат одговорни кон своите обврски и да ја негуваат хуманоста.

Еуролинк стипендијата е наменета за покривање на трошоците за кофинансирање на редовните студенти од првиот и вториот циклус на студиите. Стипендијата за студентите од првиот циклус е во висина од 40.000,00 денари, додека стипендијата за студентите од втор циклус е во висина од 60.000,00 денари. Во изминативе шест години Еуролинк Осигурување додели повеќе од 150 стипендии на студентите од Правниот факултет „Јустинијан Први“при УКИМ – Скопје.