До сега беше генерална проба за она што следи: Тамара со концерт во Охрид

Првиот концерт во евровизискиот успех во Тел Авив, каде што со песната „Proud“ го освои седмото место, Тамара Тодевска ќе го одржи во Охрид.

Своите најголеми хитови, поп-ѕвездата ќе ги пее на 27 јули, во Античкиот театар, објави „Авалон“ продукција, организаторот на концертот. 

„ Моето време допрва доаѓа. Чувствувам дека сѐ што сум правела до сега било само генерална проба за она што допрва ќе следи. Подготвена сум за големи работи“, изјави Тамара за Женски магазин. На социјалните мрежи, таа најави дека наскоро ќе ја промовира новата песна, „Rise“. 

Влезниците ќе бидат пуштени во продажба од среда, 3 јули ,онлајн и преку продажната мрежа на „Авалон“ низ Македонија по цени од 500 денари за партер стоење, и 600 и 700 денари за седење.