Дневен хороскоп за ПЕТОК: Среќа и убаво расположение за овој знак

Овен

Овој петок треба да ги завршите големите и важните работи, разговори и состаноци.  Храбро ќе влегувате во полемики, дури и кавги од кои ќе излегувате како победник. Ситуацијата во љубовта е нестабилна.

Бик

Денот е супер за започнување на нешто ново. Верувајте во вашата среќа и искористете ја секоја прилика за истакнување и развој на вашата креативност.

Близнаци

Одлично би било да можете малку да се препуштите на животните радости и да се одморите. Сериозната врска која ја имате ќе започне да се распаѓа, ќе сфатите дека се било од интерес.

Рак

Доброто расположение и поволните услови ќе ве пратат целиот ден. Треба да имате помек став во однос на некои поважни прашања кои се причина на некои кавги. Финансиите ви се подобруваат, но се уште е рано да правите пресметки.

Лав

Односите со пријателите се добри се додека нивното мислење не се спротистави на вашето. Бидете самокритични и размислете повеќе за вашите ставови, не мора секогаш вие да бидете во право.

Девица

Ќе се почуствувате празно и безволно. Односите со колегите нема да бидат без проблеми и несмеете да се обесхрабрите од недоразбирањата кои ќе ги има доста и ќе ви изгледаат како непоправливи.

Вага

Ќе знаете да го цените тоа што го имате и ќе можете да го извлечите најдоброто од моменталните односи. Некои од вас особено оние слободните ќе гледаат со недоверба во средбата со една интересна личност од спротивниот пол.

Шкорпија

Ќе морате денеска да бидете поеластични со деловните партнери и соработниците. Во љубовта ве очекува напорен ден, бидејќи вие и вашиот партнер не сте доволно искрени.

Стрелец

Ќе бидете во форма бидејќи на задоволувачки начин ќе ги користите вашите способности, особено оние кои имаат врска со насобраната енергија. Ќе умеете да ги избегните сите препреки и ќе бидете полни со разбирање и нежност спрема вашиот партнер.

Јарец

Вашите чувства денеска пресудно ќе делуваат на работните односи или пак во врската со партнерот. Ќе бидете поканети на некој начин да настапите пред јавност. Многу ќе ви биде зголемен интересот во врска со прашањата за семејството.

Водолија

Преку целиот ден ќе ве прати одлично расположение во добро друштво. Полни со енергија и воља да превземете нешто, работите ќе ги извршувате со голем ентузијазам. Ќе имате успех.

Риби

Здравствените проблеми ќе ве вознемируваат наместо да се плашите добро би било да одите кај вашиот лекар и да добиете адекватен одговор. Ќе видите дека ситуацијата не е таква каква што замислувате.